Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

/, Блесок бр. 30/Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Убаво пееше, но животот не си го промени
Декамерон
Епилог
Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш
Природонаучниот музеј „Антипа“
„Непријател на народот“ – Љубовник на татковината!

За рака ме фаќаш и низ животот ме водиш
И на другиот брег не чувствувам повеќе никаква бол

И наеднаш во тревата на твојот удобен остров
Наликувам на карта на римското царство
Ни мравките ни црвите не ми се доближуваат
Како што си им дозволил на народите што се селеле

Не почека ни душата да ми излезе од трупот
И – наспроти купот лаги – за миг да исчезне
Како што ќе исчезне и моето тело
По неколку дена миризлива жал и молчење молчење

Асаф напишал: „Бог е во собор со Бога“.
Но можеби и ти Боже Јахова
понекогаш се исправаш на нозе и талкаш долж рововите
долж подведнатите ѕидови и реите
што не си ги создал ти, но против тебе се создадени и осветени
А потем јас рака за рака со Нимрод Адам Сатанаил Јуда
си се чекаме кој прв ќе дојде
а некои сè уште си ги чекаат мртвите

Правиш чекор
Се наведнуваш и ја душкаш
реата што испарува од мојот живот

Ги наведнуваш плеќите и меѓу прстите
го сучиш вретеното на мојот живот
Во миризма го натопуваш и ми го закачуваш
околу прочистеното ненагрдено грло

Замајан сум среќен и преплашен од твојата добрина

АвторДаниел Банулеску
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|