Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

/, Блесок бр. 30/Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Убаво пееше, но животот не си го промени
Декамерон
Епилог
Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш
Природонаучниот музеј „Антипа“
„Непријател на народот“ – Љубовник на татковината!

Имав една сестричка имав една другарка
Една типка што во музејот „Антипа“
меѓу препарираните мечки смачканите црви и змиите во фермалин
сакаше да поткрене Кампања за Чуда и Восреснувања
Одевме во музејот секоја вечер
Се шетавме пушевме дискутиравме јадевме сендвичи

Се мислеше дали најпрвин да воскресне
некоја жаба или да го воскресне музејот сосе сè
Ѝ велев „прави како што мислиш“
Ја гледав како ги влече и ги разделува експонатите
од страв кога ќе воскреснат да не се изедат меѓу себе

Колку што се сеќавам чкулава типка беше
ама носеше кусо здолниште
Не ѝ беше ни нејзе лесно
Една сабота навечер
Ми падна жал за неа па ја фатив за цицка
А таа … воскресна

Рецитирај ми нешто од Маркс – ми рече –
шепоти ми безобразни работи додека водиме љубов

Дај ми сигурност поголема од сигурноста
што може да ми ја пружи женското ве-це
Гали ме како да ме гали мајка ми
Кога не би ми била мајка
Туку мажот груб и намќорест
што една вечер дојде со неа дома

Кажи ми ако моите нозе
не ти се чинат толку грди
Ако моите проклети гради
не ти се чинат толку грди
И ако глуждовите не ми се малубројно племе
што те заобиколило и се мачи да те научи што е тоа оган

Кажи ми дали во меѓувреме
можеби станавме пар од средновековни ликови
што патуваат заедно во кочија од страсти

Тебе те сакам, зашто само ти знаеш да ми кажеш
како изгледаат нештата видени врз мене

АвторДаниел Банулеску
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|