Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

/, Блесок бр. 30/Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Убаво пееше, но животот не си го промени
Декамерон
Епилог
Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш
Природонаучниот музеј „Антипа“
„Непријател на народот“ – Љубовник на татковината!

Затоа што си лежев без да се помрднам
И затоа што си лежеше до мене без да мрдне
Затоа што во врска со неа спокоен си бев
Оти нема да мрдне и нешто лошо да ми стори

И затоа што тогаш непотребно се извадив од ум
А пците го одгледаа светот, и светот побесне врз моите окна
И затоа што фосфорот од знамињата не беше за палење
Знаев: нема да се помрдне и нешто лошо да ми стори.

Затоа што во тоа време во воздухот што го зафаќаа топли струи
Ни поради попските песни ни поради добрите книги
Ни поради своите животти
Немаше да мрдне и нешто лошо да ми стори

И затоа што спокојно можев да блујам
во името на сите нив
Дури и поубаво одошто тие би си ги пораснале децата
И затоа што бев наведнат свиткан и испружен
Таа немаше како да се помрдне, а не пак
Нешто лошо да ми стори

АвторДаниел Банулеску
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|