Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

/, Блесок бр. 30/Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Убаво пееше, но животот не си го промени
Декамерон
Епилог
Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш
Природонаучниот музеј „Антипа“
„Непријател на народот“ – Љубовник на татковината!

Нема потреба да те заборавам
И онака штом заспијам не постоиш повеќе за мене

Нема потреба да мрдаш или да јачкаш
Или да зуиш од сеното во твоите клетки
И онака штом заспијам
Ти не постоиш повеќе за мене

Врати се во редот за домати
и со твоите пријатели од високата класа
достоинствена и среќна биди
Однесувај се божем поим немаш
дека од утре само уште земјотресот
ќе ти го крева здолништето
И само почвата прекопана со лопата
ќе ти врати половина од она што си го загубила

Разумна биди
Имаш толку убави раце што не ни почнале
А нема никогаш ни да почнат да стареат
Усни што нема да ги допре булдожеристот
мисли за кои не чул копачот
И гради за кои нема да дознае дури ни гробарот

Кој ќе те преоблече и кој ќе те искапе
Кој паричка ќе ти стави в уста
Кој ќе те истресе во моите џебови
Кај што ти е душата
Кај што ти е потта
Се замагли излогот на стоковната куќа Скала
Ќе испраќам некој чукнат да те враќа со прст
Сè дури не престанеш да им додеваш на излозите

Мене навистина ми се смачи од тебе
Закржлавена вегетација си ѝ на мојата фантазија
и решетка од жица
низ која моите грешки те посматраат божем си жирафа
Си облекла фустан Си се намачкала со кадаиф и со месо
Но залудно, оти само што заспијам
Ти не постоиш повеќе за мене

Око што намигнува си
на некој што цел живот се пијанчел со мене
Само мисла си на моите чорапи полни со моите нозе
Како гради на безделник полни песни за трудот

АвторДаниел Банулеску
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|