Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Како што живееме, секогаш е поинаку.
Ветрот нè изненадува.
Нашите куќи нè кријат и создаваат мети.
Твоето раме е сирото раме.
Му претстојат неопходни многу битки.
Битката против сиромаштијата. Битката на отворено море.
Се сеќавам со топлина. Се тресам од смеа.
Единственото потполно бестрашно нешто е хуморот.
Љубовта не знае за страв но таа не е од овој свет.
Се сеќаваш ли на патот и неговиот крај?
Летна соба, свет кој никогаш не го напуштивме.
Од кој не можевме да заминеме дури и кога ни го зедоа.
Без нашиот багаж. Без напор.
Одвлечкани од масата на која седевме.
Како оркестар, седевме наредени под конец.
Ти беше моето 420 години старо виолончело.
Мојата дланка секогаш исчезнува во супата.
Самиот шепот беше она што нè зеде.
Малата пајажинка од аголот.
Живееме и веднаш потоа живееме друг живот.
Далеку одовде каде не знаеме.
Не знаеме кои сме.

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|