Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Спиј побрзо.
Остави си го помнењето во војната.
Љуби потполно и совршено.
Со својата поезија, надмини ја месечината
Дружи ја пеперутката кога го посетува цветот.
Премести го жалењето понапред под покривот.
Оддели го сомнежот од мечтата.
Цел живот гости се со касајот кој мравката го откинала од крушката.
Постојано внесувај се со сето срце.
Запомни дека некој ја изумил виолината.
Внимавај, надвор има чудни глави со масивни носови.
Прејади се од пената на мирот.
Биди среќна и тажна што ништо никогаш не се менува
Однесувај се кон славата како кон сеприсутниот војнички ’рбет.
Избриши некого во своите очи и за нив расчепи се врз карпа.
Досегни го спектарот и повторувај повторувај.
Засолни се во повлеченост.
Исполни си го шупливото тело со нешта нејасни.
Во ведра ноќ, барај само една ѕвезда.
Премини ги испакнатите јагодички и скокни!
Опиши.

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|