Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Земјата во која живеев
Беше многу мирна
Претседателот рече
Како да се раководи
Ако не според закон
Ги гледате ли како стојат во ред
За љубов

Моите соседи и пријатели
Ми објаснија
Дека во овие места влегле тајно
Во нивните куќи
Но обично би излегле
На секој звук
Кој порано не го чуле

Јас само мислев
Дека тоа е забрана
И напишав книга
Насловена „Како да се справите со Владата“
Се почувствував многу ранлива
Од нештата
Кои се ближеа преблизу до мене

Почнав да чувствувам
Без оглед кое доба од денот е
Дека е длабока ноќ
И ги читав освртите за мојата книга
Со чувство
Дека не сум ги прочитала
Упатствата на кутијата

Еден месец подоцна
Кога бев бестселер
Дојдоа да ме одведат
Запалете надгробна свеќа реков
За миг ќе ми кажуваат
За жените и за црквите
И за душите вечни

Војниците беа внимателни
Да не пуштат глас
Беа груби и пристојни
Додека ме внесуваа
Во долгата лимузина
Внимавајте на главата
рече најмладиот
Сета оваа мака поради јамата
? прашав

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|