Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Зошто толку многу неразумни луѓе?
Мнозинство на неразумни.
Се грижат за себе
како да се мали чудни бикови.
За нас, за добрите луѓе, тие се одбивни.
Одбиваат да ја примат пораката.
Ги сакаат закржлавените трнливи бршлени
кои им растат во черепите
божем тоа се ружи и јорговани.
Колку само клоцаат со нивните стапала.
По колку само патишта заскитуваат
со загубеноста на нивните јазици.
Зарем не сакате да ги видите расплакани
зашто вас ве расплакале.
Понекогаш мислат
дека ве налутиле за цела година.
Замислете се во таква состојба.
Набљудувана само од ѕидовите на вашето дувло.
Со страв кој е толку голем
што решавате да го претворите во свој свет.
Ќе ги прашам сите тие грозни луѓе
како се викаат и ќе ги уверам
дека знаат како да квичат.
Тие глувци имаат многу мали тумори.
Со големина која убива глушец.
Гледајте ги како се протегаат
во нивните ништожни лигави оправданија.
Со нивните мрсни очи.
Бикот барем има добар бес.
Овие клети луѓе ме потсетуваат
дека никој нема да нè оплаче
откако ќе заминеме.
Така, после сè, ме ослободуваат
и јас си се враќам на работата
со силата на двете нервозни тупаници.

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|