кога мажот патува кон
провинциите
жената си ја чешла
косата
кога мажот освојува
кралства
жената чувствува како черепот
ѝ се претвора во месечина
кога мажот искачува
планини
крикот на жената се претвора
во пот на нејзината усна
кога мажот со бродот впловува
во заливот
жената открива грозд
во својата уста
кога мажот го напушта својот
остров
жената ги мириса медот и
водата исто
кога мажот лови
риба
ушите на жената се исполнети
со морето, сите седум
кога мажот гради
тврдини
жената си го потпира
образот
кога мажот ги полира своите
инструменти
профилот на жената
ѝ се жали
кога мажот покажува кон
ѕвездите
очите на жената менуваат
боја
кога мажот ги тимари
коњите
жената наоѓа ружа
за своите образи
кога мажот убива
луѓе
жената ги брои годините
кои децата ги проживеале
и, пред смртта, кога мажот
ја гледа линијата, сликата,
на своето лице
жената која умира го гледа
надворешниот свет огледан
во подот крај нејзиниот кревет