Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Судбината никогаш не е решена.
Две илјади песни подоцна сепак
врвот од овој мал прст останува неисполнет.
Можеби си живеела важно
во некој град или како неважна кофа
дупната крај бунарот во некое старо правливо селце.
Ништо од ова не е важно кога сè уште
не си го сторила она поради кое си дошла.
Не прашувај го моќниот јак глас што е тоа.
Будала си ако ги слушаш мрморењата
наменети за други краишта на земјава.
Заспана во твоите три кревети од цвеќе
или танцувајќи за готовина
е исто како и препирката со сонцето
или читањето приказни на морето.
Би требало да уживаш во ова предупредување.
Да чистиш зад себе
е сè што Господ бара.

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|