од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Дедо, додека ја барав денес старата циганска скара
зафрлена зад гордо исправениот плински триножец,
го здогледав оревот што баба во тестаментот
не му го остави на мојот самиздатски вујко.
Гледаш ли колку е голема народната мудрост?
Додека редам суви ветки во огнот и наоколу се разлева мирис,
повторно те гледам, како во ковчег заминуваш в земја,
а баба, која несвесно водеше сметка за уметноста
ја пеплосаа против нејзина волја.
Во нејзин помен палам суво оревово лисје,
денес очите ми солзат само уште поради чадот.
Мојата лиричност замина под земи заедно со тебе.
Истекуваше оние три дена
додека го гледав твоето мртво, исушено тело
кое воопшто не беше подуено.
Затоа селските озборувачки останаа без омилените теми,
а гробарите без физичка работа.
Не знам што најдоа мувите врз твоето ковчесто тело.
Дедо, кога ја закопуваа баба
носев очила за сонце,
а баба никогаш не стигна кај тебе
зашто за урна е потребна дупка длабока само триесет сантиметри.
Последен пат те фати за рака над одарот
и тоа беше последниот мелодраматичен призор
што ми измами неколку солзи.
Нема да одам на миса посветена на годишнината од твојата смрт,
туку ќе земам в раце моторна пила
и ќе го пресечам оревот, потоа ќе запалам оган,
ќе го дезинфицирам воздухот,
ќе ги изгорам сите баластни зборови
и ќе ги уништам последните ’ртулци на лиризмот.

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|