од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Натоварен со собраните дела
на Шекспир Велики
трагам по инспирација во стерилниот парк на источната метропола
што одвреме-навреме ја нагрдуваат Циганчиња,
испарталени единствено за да може
пазарната вредност да им е што повисока,
избркани бабички од своите домови
чии внуци одвиориле на запад
и заборавиле да испратат пари за станарина и леб,
а би се нашле и други неубави нешта.
Дрски гулаби летаат над мојата глава,
во неа крескаат врапци,
со старецот од мојата лева страна
синхронизирано ги вртиме главите по полуоблечените девојки,
по новопечените денди во мокасини со лаптоп на рамо,
по парталковците без нозе и без раце.
Преголема доза на инспирација, си велам,
подобро да направам едно добро дело,
ја свртувам главата и му се обраќам на старецот,
чувствувам неизмерно задоволство,
се претворам во каритас,
ја отворам книгата на мудроста на две нозе,
слушам ли слушам…
Премногу мотиви! Премногу инспирација!!!
Па јас не собирам боровинки!

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|