од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Извршив убиство над самиот себе.
Ги убив илузиите и соништата
и заспав како ангелче.
На третиот ден воскреснав ко судски преведувач.
Каде си Фјодор Михаилович, брате мој,
каде си да се начукаме со вотка?
Брате од раната младост
ти, кој ме омајуваше без забранети супстанции,
ти, кој ми ги крадеше ноќите и ми предизвикуваше психосоматски болести
уште кога бев мече кое сакаше ѕвездите да ги види од близу.
Стани од мртвите, дојди крај шанкот,
доведи ја твојата имагинарна толпа злосторници,
а јас ќе ја доведам мојата вистинска
да се натпреваруваме во пиењето вотка,
како рамноправни партнери
да поставиме линија.
Моите се бестрашни, родени победници,
моите не ги пече совест, ги познавам до срж.
Секојдневно ги дишам нивните испотени дланки на обвинителските клупи
и кокетирам со курви, единствена добра страна на професијата.
Совеста е за романи, совеста е романтична.
Пресудите во името на народот – но кој – мил мој?
не се делотворни, не предизвикуваат ноќни расколи,
совеста постои само уште во лошата екранизација на твојот роман.
Сè е илузија, евтина театарска пиеса со уште полоши актери.
И знам, мил мој, знам дека ќе те победам,
само едно не знам – кој е на подобро од нас двајцата?

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|