од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Искрени честитки! Искрено сочувство!
Честитките се секогаш подеднакво грди,
без разлика дали се со цветен букет или со црна панделка.
Клишеизираните реченици го параат срцето како хируршки нож.
Фирмата со каталошка продажба
љубезно ми подари бесплатен купон.
Културниот стручњак за продажба не заборавил
да ги допише стиховите од Вордсворт
и крај нив своите желби
за убаво славење и што подобро да си го искористам попустот.
Кога и факсот ќе стане исто толку паметен
како и мобилните телефони
и кога ќе почне да ми пее Happy birthday,
ќе морам да се самоубијам.

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|