од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Денес ме напушти
мојата единствена ќерка – плашилото за птици.
Одлучно, пубертетски го напушти мојот стан
и се пресели кај тетка ѝ – кукларка од глава до петици.
Вели дека ѝ е доста од сè,
дека играњето со тркалезни печати
и со компјутерски игри не ја задоволува повеќе,
иако купив рамен екран.
Незадоволна е со своето име – Касилда.
Преку глава и се забавите што ѝ ги приредувам за роденден.
Се лути што не можам да ја разберам и што на забавите
сè уште ги канам
исштирканата Црвенкапа и Принцезата на зрно грашок.
„Подобро да спијам кај тетка ми во пепелникот под мијалникот,
одошто во твојата компјутеризирана соба.
Кај неа мириса на бои и на стари партали,
а ти имаш три хард-дискови и само една ќерка,
па во животот не си знаел да избереш.“
Не сака да се запише на факултет, за живот заработува сама.
Се издржува со плашење во излозите на книжарниците.
„Секоја недела по една книга – по сопствен избор!“, ми се врекнува:
„Ти си доктор по литература, а не знаеш да излекуваш ни обична настинка!
Јас пак заработувам толку книги што имам пречки во варењето на храната!
Лекарите ми советуваа да ја заменам околината.“
И навистина си замина – со Јуримури во Африка –
засекогаш среќна.

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|