од „Суд(бин)ско толкување“

/, Блесок бр. 55/од „Суд(бин)ско толкување“

од „Суд(бин)ско толкување“

Депресија
Кај Црвената змија
Злосторство и казна
Сè најубаво за мене
Семејна трагедија
Божиќна
Во потрага по инспирација
Рандолска песна

Пеење на божиќни песни
во стогодишна, но витална црква.
Грегоријанските напеви
им наденуваат на певците крилја
и тие полетуваат во височината.
Потоа напаѓа
световната велесила
и го преобразува олтарот во лименка од Кока-Кола,
а црквата ја обвиткува во црвена хартија со златни снегулки
и цврсто ја врзува со свечена панделка.
Во воздухот летаат Црвенкапчиња,
Дедо Мраз се преобразува во Баба Мразица,
ангелските певци со мокри крилја,
(доказ дека газираниот пијалак не освежува),
скокаат од лименката, беспомошно паѓаат на подот
и пеат Jingle Bells, Jingle Bells…
Скаменетиот епископ вклесан во црковниот столб
се преполовува на два..
Отпаднатите ангели од рајот се фаќаат за раце во полукруг
осудени на вечно пеење за сонуваниот бел Божиќ.
Но божјата казна е неделотворна,
богомолките сè уште лажат само отаде црковните ѕидови.

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|