Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

репертоарот неочекувано се расипа.
пејачот почнаа да го издаваат слухот и гласот.
омарнината беше неподнослива, главоболката неминлива;
пивото млако, какофонијата неподнослива,
девојките нервозни и непристапни;
господе, каков хаос во главата!

а требаше сосем да се разбистрам
кружејќи со чамец околу островот,
на кој безгрижните нудисти
ја сончаа својата целост,
убави, грди, несмасни и елегантни:
чедо зјапаше во осамените убавици на карпите,
а потоа важно го земаше двогледот и
со есеистичка внимателност ги разгледуваше деталите:
потоа нагло се всидри и скокна во море:
водата е ебано топла!
– рече смирено
чедо, капетан на долга пловидба, со
матично пристаниште во хамбург,
кому денеска бродот му го пратија на сечење
а тој не пушти ни солза,
туку мирно ја меркаше мазната кожа
на младата и немирна германка
која ладнокрвно заплива покрај
всидрениот чамец и потоа
плутајќи на врелото попладневно сонце,
гола и неповторлива,
го викаше неодлучниот тип,
кој сè уште мрзливо ги соблекуваше
гаќите во дивиот, шупликав камењар

2001-08-18

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|