Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

кога над сан ремо рикна задниот десен амортизер,
и не застанав. си реков: тибам, одиме во франција,
таму има мноштво сервиси на рено, таму ќе биде
полесно.
ни после 50 километри на територијата
на франција, знакот на рено го нема никаде на видик.
кога конечно го здогледав, механичарот не го интересираше
дали со расипаната кола можам понатаму по патот.
оставете ја колата и чекајте десет дена. ако ви се брза,
одете во
рено минута, тие се побрзи од нас.
рено минута
го најдов од трет обид, ама нив им цркнал
компјутерот, така што од поправката пак ништо не бидна.
продолжив да тропотам по задушените улици на туристичкото гратче
кан-сур-мер и тогаш здогледав голема, дречлива табла:
SPEEDY, попуст на амортизери 20%. ми ги вградија сите четири,
зашто „задниот отишол поради дијагонално оштетениот преден,
а секогаш мораат да се менуваат во пар“. во меѓувреме,
додека на брегот пиев очајно кафе, една жена почна
да се гуши во сопствената блуеница. кога од шанкот викнаа брза помош,
таа стана, се избриша со дланката и рече: ништо не?! веќе се навикнав!
мрсното море на азурниот брег колваше низ чакалот опточен со катран.
авионите бесно се збуцуваа во разводнетиот брег близу ница.
врз синилото на хоризонтот се разлеваше виножито, неутешна црта празнина.
го притиснав педалот за брзина и силно го заорав патот кон запад.

2003-07-31
2003-09-13

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|