Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

низ прозорецот гледам жена.
посветено ја расчешлува косата. долго и грижливо.
ја собира во спирала и ја прицврстува на темето.
зема крупен, темноцрвен домат.
загризува крупен касај. како јаболко,
би рекла баба драга во таквите моменти.
сокот се цеди врз бујните гради.
влегува длабоко во отворениот фустан.
жената се обидува со прстите да ја пресече нитката на течноста.
при следниот касај се навалува длабоко напред.
капките сок паѓаат врз врелиот камен.
на мазната површина бргу се сушат и се претвораат во акварел.
во апстракција. структура. монохром.
жениниот фустан е црн, со крупни цветови.
изрезот на грбот се спушта до процепот на газот.
двата процепи се спојуваат. точно по мерка.
грбот на жената е дополу потемнет.
другата половина е млечно бела.
доматот на каменот ја промени бојата.
во левиот агол на камената коцка
за миг сопре голем зелен скакулец.

2004-8-12

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|