Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

не ги поднесувам левичарите.
не ги поднесувам десничарите.
срповите, чеканите, свастиките и секогаш
насмеаните лица во ебено тажните рудници.
не ги поднесувам пичките кои чекаат
да го завртам грбот за да можат
непречено да го продолжат разговорот.
не ги поднесувам оние кои опиени
се фаќаат за електростимулираните срца,
ни оние кои од екранот на хтв
ме дупчат со „гордо кренати чела“.
не ги поднесувам дебелите мудреци
со глинени подочници,
исто како ни хистеричните, игличести
влекачи, зад кои секогаш останува
бледа трага слуз.
не ги поднесувам аквизитерите
на сопственото политичко минато,
не ги поднесувам заслужните и лојални граѓани
на „оваа, единствена земја“, кои никако
не успеваат да утврдат КОЈА,
ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА.
не ги поднесувам медиумските царства
на бившите партиски чиновници,
во кои остарените партизани и
младите, гневни фашисти
ги перат своите до лакти крвави раце.
не ги поднесувам бистрите синдикалци,
кои баздат на лук и сливова,
и чии вилици се гнили,
и чија смрдеа е „смрдеа на прецутена империја“.
не ги поднесувам блазираните лидери.
не ги поднесувам ни ролерите ни ромобилите.
не ги поднесувам лигушите и плачипичките
програмирано лежерни, со лабави кравати
во подножјето на ту мрсните, ту испиените лица.
не ја поднесувам толпата помеѓу,
во средината и наоколу.
не ги поднесувам европските чиновници
ни домашните челници: ќелавите, косестите, брадестите и оние другите.
не го поднесувам претседателот на републиката,
министерот за одбрана, премиерот и целата влада
со цела свита на куп.
ни себеси не се поднесувам, зашто невини не гледам
дури ни во сопствената кожа.
а и зол сум си, и расипан:
секој пат грчевито си зачукувам кајла
кога секој нормален би им шибнал тројка
на оние под другиот кош,
и победнички би одлетал во вечноста
на пластичните „крилја на демократијата“.

2001-11-04

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|