Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

ивес ми прати sms:
една италијанка веќе трет ден ме гледа под вода.
и јас ја гледам неа. долу сме голи и сами. горе не се познаваме.

му реков, на нашиот секојдневен сленг:
би кул! стеј вел!
потоа, според податоците од следната порака,
повторно се нурнал, зашто „долу е мирно и неповторливо убаво“.
го разбрав неговиот крик, на другиот, оддалечен брег.
потоа се нурнав во ориенталните приказни на маргарит јурсенар:
отпатував во кина, па во котор, дубровник, па пак изнурнав
меланхолично, иако тоа веќе ни приближно не е во мода.
видов неколку италијанки, четири чехинки и седум месни унгарки.
го видов чадорот за сонце кој се врткаше во ритамот на телото,
видов и едни модри, неуморни и предлабоки очи:
сакав во себе да ја потиснам страста за нуркање, но не можев
да го тргнам погледот, не можев да ги навлечам очилата за сонце,
воопшто: не можев да се мрднам од местото во песокот,
во кој, сталожено и немо, тонев и тонев.

2001-08-18

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|