Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

после два саати нервозно возење по макадамскиот
пат влеговме, уште врели од патот, во автоматската
автоперална. од многубројните млазници
ригна густа пена и видикот во возилото сосем се замрачи.
ја зедов неговата десна рака и ја привлеков врз своето колено.
сликата на светот во миг се промени: како да го
шибна адреналинска метла, шмугна со раката
нагоре: влагата проби низ гаќичките побргу од слаповите
кои лудо се слеваа низ светлите падини на возилото.
со нагло движење истата рака ја завлече под мојот газ,
не помрднувајќи се од седиштето, и со тенкиот нервозен среден прст
почна да диригира воена изведба на бетовеновата деветта,
на мене главно познато од пеколниот портокал: филхармонија,
еден познат еврејски солист со име тешко за памтење,
една треперлива светилка далеку од сцената
и рака која диригира со енергични движења.
се наведнав со брзина на јагуар и така му го
отворив патот. со еден тргање го расцепив патентот
на неговите темносини бермуди со џебови
од страна и веселиот, убаво обликуван кур веќе ми се
прпелкаше во устата. силно вртев со јазикот,
сè додека слаткестиот прелив не ме
потсети на околностите. според саатот на таблата
поминале четири минути, ако добро сум го запаметила
времето на влез. големиот повеќецевен фен го сушеше
автомобилот кој светкаше под неподносливата
светлина на сè уште врелото летно попладне.
се запали зелено на семафорот и тој
со рутинско движење стави во брзина.
благајничката на излезот мрзеливо
мавна поздрав.

2001-08-26

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|