Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

седумнаесет дена подоцна се дупевме врз
наслонот од фотелјата, од нејзината задна страна:
се лизгаше незадржливо кон средината, грабајќи
ни ја и најмалата поддршка и брутално туткајќи го
лилавиот тепих; наскоро се грчевме потполно мокри, само
на неговите нозе, на средина од вжештената хотелска соба:
крикот го сепна студениот газ на ален гинзберг во гробот
на другата страна на глобусот, вториот, девет минути подоцна,
се испушти веќе на широкиот ненаместен кревет.
му зборував за писателот и пријателката, за нивното редовно
фукање во петок после риба во кантината
на институтот за самореставрирање на „тело и душа“,
некакво источно шиткање магла и примитивни наркотици,
после што тој, писателот на популистичка драматика,
покајнички се враќал во своето грижливо проектирано
гнездо, во кое секој предмет непогрешно
ја сугерирал својата историска припадност,
дури и сликичките на писателите исечени од пожолтени списанија.
го зедов за рака, испотен, задишан,
ослободен од дивата енергија придушена
половина век во грбот: со нерамен глас
процеди: ни самиот не знаев дека тоа уште
го можам
. ја избришав потта од неговото оросено
чело и ја зафрлив косата на страна: во дното на стомакот
трепереше пролетна бреза на ненадеен ветер, потоа
се затркала млаз врела вулканска смеса, кој
ги покоси сите други сетила, па татнеж после кој
низ пошироката околина се распосла смирувачко вибрирање.
тој сè уште беше покрај, нем и бавен тонеше
во сон на лековитите брегови на блиското а омаено тело,
махинално стискајќи ја левата пупка која и понатаму сјаеше
со полниот интензитет на неодамнешните случувања.

2001-08-24

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|