Хаифа зиме е јапонска резба.
Свиленкаст дожд, најмекиот од дождовите, таму ме чека,
белата ноќна пеперутка спие во влажното џбуње
а од баричките – фонтана од фантазии се крева како маглина.
Хаифа зиме плови низ воздухот со леснотија на облак
и понекогаш хоризонтот е едро од оризова хартија.
Потоа доаѓа вечерта со сончеви дамки
како длабок рез во стомакот на градот.
од англискиот превод на Карен Алкалај-Гут