Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Храбриот петел ме разбуди,
ми го здроби сонот со чизмите
од неговото кукурикање.

Но се насмевнав кога се расонив.
Уште вечерва
петелот ќе ми биде оброк.

Ноќта ме посетуваа јатата негови гласови.
Темнината во мене ја крена
неговата црвена кикиришка.
Петелот и јас сме едно.

од англискиот превод на Вивијан Идн

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|