Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Сè уште ноќ. Сè уште сум врзан
за 22 букви

додека ноќта заробува. Единствено засилена тишина како оваа
може да ми осветли единечна реч
со болскоти во своите бројни звуци.

Ја гледам до срж,
до крајот на коренот.
Одеднаш се вдвојува.
Сега се две.

Едното уво од мојот глас
слуша ноќните сенки
се прикрадуваат кон хебрејската граматика.
Пред мене на страницата, три збора.
За миг ќе има и други.

Сега синиот мирис на месечината
може да се види низ нив. Така станав
свесен за нечујната болка на
мракот. Сонцето на ноќта. Сјајот на зборовите.
Сега ти од сонот доаѓаш кон мене
и влегуваш во песната.

од англискиот превод на Вивијан Идн

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|