Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Денот минува. Добивме малку време.
Дните ни минуваат во парталави сништа.
Еднаш познавав момче
кој си го чекаше животот
а си ја најде смртта.
Неговата смрт
издигнувачка
за мене беше предупредувачки истрел.

Задремана генерација која чека чудо.
Чека попусто до истекот на сопствените сили.
Чека. Можеби некаде
во почвата на седмото небо
нашите најдобри пилоти
ќе откријат вселенска нафта
нашата крв е светско гориво.

од англискиот превод на Карен Алкалај-Гут

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|