Избор и превод од англиски: Игор Исаковски
Не е шумата која скита
во матежот на нашите животи
ниту правот кој ни ги прекрива
умирачките
туку ние
ние
не е морето кое се дави
во нашите вени
не е светлината која тоне
во сите наши патишта
туку ние
ние
не е Местото кое ги слуша
нашите тишини
ниту сонот кој ни ги одредува
мислите
туку ние
ние
самите
од англискиот превод на Вивијан Идн