Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Земјата ги пее хрониките на нашите животи.
Во земјава дните врват крај нас
како шпиони. Ноќта се таложи онаму
каде дождот е впиен од болскотот на светулките.
Ветрот е кокошарник на раскокодакани кокошки.
Песната на земјата се храни од звуците на крвта.
Шумолењето на дрвјата, шептежот на тревата како прастари стихови.

Со денови ги слушав звуците на земјата
обидувајќи се да ѝ го одгатнам јазикот
во обновувањето на Природата, во зимската лутина
која секогаш нè победува
дури и дома.

Со денови бев заробен прашувајќи се што шумоли
во својот влажен и огромен мев
кога си ја менува кожата како змија
и навлекува нова.
Се слеков гол пред звуците на зборовите
за да си ги прераскажам случките.

од англискиот превод на Вивијан Идн

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|