8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


ЗЕМЈОТРЕС

Сонувам: во гинеколошката чекалница сум,
сестрата ги изговара датумите за преглед.
Ги разгледувам деновите во календарот,
мерам кој ми одговара.
И во таа секунда зататни: како од ридот да се затрчал
голем метален змеј што ќе нè проголта.
Собата се тресе, стаклена и гласна,
ме фаќаш за рака,
иако не сум свесна дека си ме фатил за рака.

Подоцна, ги собираме саксиите низ собата,
црницата се распрскува по тепихот,
струја нема, вести нема,
во бедрата слабост,
еден човек на улицата,
молк.

Уште подоцна: рикнува повторно,
го грабнувам малото куче,
трчам под скалите.

Уште подоцна: собата е барабан,
полугол на отворената врата
ми го викаш името.

Подоцна, денот многу се мешколеше подоцна.
Одевме низ острото утро, со ранците на грбот,
Многу луѓе имаше на улицата,
многу маски имаше на лицата.
Пижами, една мачка на јаже,
младич во инвалидска количка,
мојот пес што лае.

Подоцна, ноќта многу се мешколеше подоцна.
Учам да спијам, како да учам да одам.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|