8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД

Баба ми веќе три дена спие
и никој не може да ја разбуди.
Во гласното дишење
слушам како се пресложува небото
и како јата птици се вкрстуваат
некаде над Атлантикот.

Смртта е безболна
кога е пократка од мислата
и побрза од чиопа.
Да речеме, како истрелите на Франц Фердинанд
кои во текот на 1913
успале
повеќе од 5000 елени.

Во паузата меѓу две чкрапнувања
многу рози рози
во розариумот
многу латици
меѓу еленските рогови.

Во паузата помеѓу мигот на смртта
и вестите на ближните
мумифицирана самотија на битието.

Како да речеме, осаменоста на Принциповата рака
помеѓу видовенското движење
и гангрена крунисана со ампутација
1916 во Терезин.

Црна рака.

Смртта е синегдоха, мислам
и слушам како во исушените белодробни опна
го пресложува небото
побавно од пупките на најпркосната роза
во градината на Франц Фердинанд.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|