Андријана Кос Лајтман

/Андријана Кос Лајтман
Андријана Кос Лајтман 2023-06-07T21:42:11+00:00

Project Description

Андријана Кос Лајтман (Чаковец, 1978) е научник, поет и книжевен критичар. Таа работи како вонреден професор на Факултетот за образование на наставници на Универзитетот во Загреб, каде што предава различни предмети од областа на хрватската и на светската литература. Нејзините научни интереси најмногу се насочени кон современата литература. Објавила шеесетина научни трудови во домашни и во странски публикации и три научни книги: Автобиографски дискурс на детството (Љевак, Загреб, 2011), Поетика на формата – современа концептуална и хипертекстуална проза (Љевак, Загреб, 2016) и Поетската тензија на смртта – Од писок до тишина (Љевак, Загреб, 2022).

Нејзини песни се објавени во бројни списанија, а биле и во потесниот избор за разни награди, како наградите „Иван Горан Ковачиќ“ или „Тин Ујевиќ“, кои се доделуваат за придонес кон хрватската поезија и се сметаат за најпрестижните награди во Хрватска. Ги објавила збирките поезија: Утрински лауреат (Град Чаковец, 2008), Лунуле (Диспут, Загреб, 2012), Телеидоскоп (ХДП, 2018), Скали за Стојанка К. (В.Б.З. Загреб, 2019), Инфективна зона (Фрактура, Загреб, 2021, во коавторство со Дамир Радиќ), Сина и кафеава книга (Меандар, Загреб, 2021). Таа е член на Хрватското друштво на писателите (ХДП).

Related Articles