8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


ДЕТОНАЦИИ

Она што постојано трепери:
напнатост помеѓу дисциплината и спонтаноста.
Понекогаш експлодира
па нè приближува до работ, одрекувањето, крикот
како смртта на Че Гевара
под обновеното милување на куршумите.

По амбисот и разнесените нозе
преостануваат облиците на ненасилни отпори
деновите на молчење
штрајк со глад
опустошена земја
помеѓу умот и телото.
Замрзнати гестови, усни и лица
нешто како Елена Топиќ
на плоштадот во Приједор или Бања Лука.

Од распараните облаци
над набрекнатите млечни жлезди
лепиме пердуви
од нив повторно садиме шума
па кружиме околу нашите внатрешни органи
како околу болни ѕвезди.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|