8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


МНОГУ ДОЛГ КАДАР

Ако ја размоткам зимата како јаже
и преку конопот ги префрлам тенките силуети,
гледам како се цедат сенки
и се укрутува сонцето.
На првиот топол ден од оваа година
ќе си заминам од дома
(така пишуваше мојот колега Танески).

Необјаснива неподвижност на тревата
која му претходи на ројот на опнокрилците,
минути во кои се оплодува романот.
Како самопрегратка на дланката
или хипноза на папокот.

Во мојот џеб е мрак,
во мракот е рана.
Очите по навика ги испраќам од дома
како тврдоглаво стадо,
дланките ги чувам за брезово поле
и мокрото крзно на верверицата.
За тебе не ми треба поглед:
невозможно е да се истера пролетта од плодот.

Како и многумина околу нас
чекаме нешто да се случи.
Смирување. Парење на птици.
Камера што снима од рака.
Хоризонт.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|