8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ

Понекогаш мислам дека имаме
животински души.
Сунѓерова, продупчена.
Ракова, вклештена.
Светулкина,
за која и не знаеш дали е тука.

Па трепериме така
секој на својот крај на собата,
а болките се палат
и се гасат.

Себеси е невозможно да се исплукаш.
Како и да се допре темето на летото,
или да се облече сига во поткошула
на улицата на зимата.

Макови во мракот.

Ќе го исечам за нас тој стих
како засолниште
за денот кога ќе бидеме подготвени.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|