Јовица Ивановски: 10 песни

/, Литература, Блесок бр. 129/Јовица Ивановски: 10 песни

Јовица Ивановски: 10 песни

КИЛИМ ОД ГЕНИ
КАКО КОГА НЕКОЈ НАЕСЕН…
БЕГСТВО ОД…
ГИ ИМА СЕКАКВИ
ВОДЕНА ПОКРИВКА
СПОМЕНИ, НЕБАРЕ ТУЃИ
И ЗА КРСТЕЊЕ ТРЕБА ВЕЖБАЊЕ
ИМПРОВИЗАЦИЈА
ШВАЛЕРСКА
ПОПРВО БИ ПУКАЛ


ИМПРОВИЗАЦИЈА

Умираат рокенрол
ѕвездите. Сите умираат.
Некои жени одат на фризер
со истиот жар со кој некои
	мажи одат во јавна куќа.
Мартиноски насликал акварел на
картон што твојот ѕид би го чувал во
прегратка, како што доилка држи бебе.
Пролетта е курва. Ги одбиваш поканите
„на кафе“, им велиш – утре сум на работа.
Им завидуваш на сите кои се вљубуваат 
држејќи се за автобуските шипки!
Јавниот превоз е стар подводаџија.
Пешачиш и снимаш – Македонките, 
од ден на ден, стануваат сè поубави.
Акварелот е дел од циклусот Игри.
Сите се смртни, и филмските ѕвезди.
Нема ден кој не е совршен за умирање.
Едно знаеш: никогаш нема да дознаеш 
од кој германски експресионист
била книгата што Симор ја читал
за време на одморот на Флорида,
во денот што бил совршен 
	за банана-риба.
АвторЈовица Ивановски
ПреводЗоран Анчевски
2019-12-27T11:59:40+00:00 декември 18th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 129|