ГИ ИМА СЕКАКВИ
Луѓето зад затворените прозорци и зад заклучените врати. Секој со својата тајна, зашто оној кој ништо не крие не е совршен, туку недоветен. Луѓето се неретко луѓе. Некогаш празници на постоењето, некогаш јалови победи над контрацепцијата. Секој со својот придонес во редот и хаосот. Некои се добри само за расплод, некои, пак, имаат улога во глобалната револуција, во цутот на светот и во културата на векот! Сеедно, повеќето се збунети и исплашени чудачиња зад завеси и ролетни. Луѓе најобични, кои, свесно или не, кријат или покажуваат повеќе или помалку од што треба. „Ќути, ги има секакви“ – велеше баба ми.