Јовица Ивановски: 10 песни

/, Литература, Блесок бр. 129/Јовица Ивановски: 10 песни

Јовица Ивановски: 10 песни

КИЛИМ ОД ГЕНИ
КАКО КОГА НЕКОЈ НАЕСЕН…
БЕГСТВО ОД…
ГИ ИМА СЕКАКВИ
ВОДЕНА ПОКРИВКА
СПОМЕНИ, НЕБАРЕ ТУЃИ
И ЗА КРСТЕЊЕ ТРЕБА ВЕЖБАЊЕ
ИМПРОВИЗАЦИЈА
ШВАЛЕРСКА
ПОПРВО БИ ПУКАЛ


БЕГСТВО ОД…

Бегство од себе, тоа е поезијата.
Во меѓувреме се бараш – и тоа е поезија.
Ѓубрето на улиците, неонките и тротоарите – 
				сè е поезија.
Потоа стварноста се распаѓа ко петарда.
Не ги сакаш жижиците зашто искрат
радости што траат прекратко.
Не ги сакаш ни свеќите, ниту 
роденденските, ниту надгробните.
Пренакитените песни се ко упадливо
нашминкани курви и ко силувани елки.
Ете зошто поетите (а и непоетите) почнаа 
		да се палат на едноставноста. 
Треба човек да се сокрие од човештвото
за да го пронајде човекот во себеси.
Потоа треба само да побегне 
од него, што подалеку.
АвторЈовица Ивановски
ПреводЗоран Анчевски
2019-12-27T11:59:40+00:00 декември 18th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 129|