КАКО КОГА НЕКОЈ НАЕСЕН…
Она што не го забележуваме додека самовилите кружат околу нас, тоа е времето. Бескраен тепих по кој газат очите, тоа е просторот. Вода, од неа сме составени (ние сме подвижни базени). Земјата е постојано жедна, ете зошто ни ја пие снагата. Топол ветер кога ќе дувне, кога ќе ја крене прашината, небаре прав од распаѓањето на клетките на сè живо и неживо... Има нешто чудно во воздухот, чувствувате? Како кога некој наесен ги пали стрништата на веќе обраните животи.