Утринска служба

/, Блесок бр. 32/Утринска служба

Утринска служба

Утринска служба
Снег
Фантазија
Отстапнички ветар
Рана темница
Прво сеќавање

Да ви кажам нешто: секој ден
умираат луѓе. И тоа е само почеток.
Секој ден, во куќите на мртовците, нови вдовици се раѓаат,
нови сирачиња. Седат со рацете скрстени,
се обидуваат да го решат новиот живот.

Потоа на гробишта одат, некои од нив
за првпат. Се плашат од плачење,
понекогаш од неплачење. Некој се наведнува,
им кажува што понатаму, дали
да прозборат по некој збор, дали
да фрлат земја во отворениот гроб.

А потоа, сите се враќаат во куќата,
која одеднаш врие од гости.
Вдовицата седи на каучот, вкочанета,
а луѓето се редат да í пристапат,
за рака да ја фатат, да ја гушнат.
Таа има по нешто секому да каже,
им благодари, им благодари што дошле.

Длабоко во душата, таа сака да си одат,
сака да се врати на гробиштата,
во болничката соба, во болницата. Знае
дека е невозможно. Но тоа í е единствената надеж,
желбата да се придвижи назад. Сосем малку само.
Не мора до венчавката, до првиот бакнеж.

АвторЛуис Глук
2018-08-21T17:21:41+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 32|