Утринска служба

/, Блесок бр. 32/Утринска служба

Утринска служба

Утринска служба
Снег
Фантазија
Отстапнички ветар
Рана темница
Прво сеќавање

Како можете да кажете дека
земјата треба да ме радува? Сè живо
родено мене ми е товар; не можам да ви угодам
сите вам.

А вие би сакале да ми наложите,
вие би сакале да ми кажете
кој од сите вас е највреден,
кој најмногу ми наликува.
А за пример го посочувате
безгрешниот живот, одвоеноста
што настојувате да ја постигнете –

Како ќе ме разберете
кога сами не можете да се разберете?
Вашето сеќавање не е
доволно моќно, не може
да досегне толку назад.

Никогаш не заборавајте дека сте мои деца.
Не страдате затоа што се допревте едни со други
туку затоа што се родивте,
затоа што побаравте живот
одвоени од мене.

АвторЛуис Глук
2018-08-21T17:21:41+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 32|