Луис Глук

//Луис Глук
Луис Глук 2023-01-05T10:40:10+00:00

Project Description

Луиз Глик (1943, Њујорк) е американска авторка, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2020 година. Работи како професорка по книжевност на неколку реномирани универзитети во САД. Пишува поезија, есеи и проза.

Најзначајниот корпус од нејзиното творештво го сочинуваат поетските збирки објавени во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, меѓу кои се издвојуваат: Триумфот на Ахил (1985), Арарат (1990), Дивата перуника (1992), Vita Nova (1999), Аверно (2006).

Глик е авторка и на две збирки есеи, Докази и теории (1994) и Американска оригиналност (2017). Нејзината најнова книга е кратката проза Мериголд и Роуз, објавена во 2022 година.

За своето творештво, Глик е добитничка на голем број национални и меѓународни признанија и награди: „Пулицер“ во 1993, „Волас Стивенс“ во 2008, „Златен медал за поезија“ на Американската академија за уметности во 2015, „Транстромер“ во 2020 година и многу други.

Related Articles