Утринска служба

/, Блесок бр. 32/Утринска служба

Утринска служба

Утринска служба
Снег
Фантазија
Отстапнички ветар
Рана темница
Прво сеќавање

Доцен декември; татко ми и јас
одиме за Њујорк, на циркус.
Тој ме носи
на рамена, по лутиот ветар,
парчиња бела хартија
се разлетале над шините

Татко ми ја сакаше
таквата положба, да ме носи
без да може да ме гледа.
Се сеќавам
дека зјапав само право
во светот што татко ми го гледаше;
учев како
да ја впивам празнотијата,
натежнатиот снег
што не паѓаше, што кружеше околу нас.

АвторЛуис Глук
2018-08-21T17:21:41+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 32|