Кога ве создадов, ве сакав.
Сега ве жалам.
Ви дадов сè што ви требаше:
кревет од земја, ќебе од чист воздух –
Колку повеќе од вас се оддалечувам
сè појасно ве гледам.
Вашите души безмерни досега требаше да бидат,
а не она што се,
мали, зборлести нешта –
секакви дарови ви дадов,
синило на пролетно утро,
време што не знаевте да го искористите –
посакавте уште, дарот единствен
за друго создание чуван.
Колку и да се надевате,
нема да се најдете во градината,
меѓу другите растенија.
Вашите животи не се кружни како нивните:
вашите животи се птичји лет
што почнува и завршува во тишина –
што почнува и завршува, следејќи ја формата
на лакот од белата бреза
до јаболкницата.