Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

Тој бог го чува своето стадо. Друг бог чува
нешто сосем друго. Убаво е да се припаѓа, да
се биде сакан, месо во трк, едноставно да се биде:
да се остави празната жолта постелка врз парче
трева, како топка меѓу два камена, и да се биде
света овца меѓу другите свети овци,
и само да се трча понатаму, глупо да се истрча, да не
се знае дека ќе умрат од треска сите кои ќе го вдишат

мирисот на утробата која пред малку ја напушти јагнето.
Ќе умрат, па што? Ќе потоне со време
и целиот остров притиснат со илјада години плима
без одлив. Светот конечно ќе дојде до дното и
вистинска среќа е што морето никогаш повеќе
нема да изнурка брег кој би ги примил нашите пораки
во шише, зашто тоа се пораки без тајна: парчиња
весело месо сочувано за гладни години.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|