Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

На сè се сеќавам: и како реката тргна
со мене, и како вие ја истресувавте водата
од крзната слични на дабри. Останавте
до крајот чудовити, на суво останавте,
рамо до рамо, секој до својата мала брана
крената само за лични потреби. Толкав
труд попусто: реката реши да замине. Беше
грозно да се гледа како сè, па и оние нешта

кои мирно одат по својот тек, покажуваат волја
и се чини дека од ништо и со ништо предизвикани донесуваат
одлука која потоа станува наша заедничка
судбина. Тешко беше да се поверува дека толку
тенко срп светлина некогаш би можел да ја покоси ноќта,
и тоа до последната педа рунтава темнина која ја прикрива
раздалеченоста помеѓу вас и мене, вас и сè што
денеска ни избега за влакно, а утре ќе биде на дофат на раката.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|