Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

Ако има повеќе вечности, сите тие
ѝ требаа за чекор долг само една
стапка. Нејзиното приближување не значи
дека е подготвена да напушти која било
од станиците кои веќе ги минала. Не оди
со ред, а кога чекори зад нејзе не останува
ни парче пат. Од чист очај
ѝ велам: за тебе е неможно да се направи

распетие. Ако некој некогаш успее да го опише
твојот крстоносен пат, ќе направи опис на круг и
пак ќе згреши. Каква дури тоа ќе биде
срамота за човечкиот род! Тешко ми е со нејзе
да го одржам чекорот. Таа тоа не го знае и затоа
ми дава можност да останам кај што сум. Останувам
поради нејзе. Цветам како рунолист и не ми е
гајле под кое Сонце полноќта ме грее.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|