Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

Каде и да појдеш повторуваш како
во времиња на порази и болести
отровот станува лек. Погледни:
оној таму човек кој скока
низ затворен прозорец не знае
да се откаже на ист начин како јас и
ти. Нашите болести носат различни
имиња. Ништо не нè врзува освен

поразите. Додека јас парам по шевот,
ти се фаќаш за ножот. Додека ти сечеш.
јас пружам рака за касај. Така
пружената рака не ја прифаќа ни пес.
И змијата одбива да нападне. Тоа што
во змијата повеќе нема лек за нас
не е причина за убивање. Не сме ние
неизлечиви, туку такво е добата.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|