Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

Попусто ѕвоната, и звукот кој низ нив
се мота. Кога би можел да се види
би бил сличен на бела лента која
долго, сè додека сосем не се истанчи,
ја обвиткуваат околу невидлив човек
луѓе кои веруваат во обриси. Телата
не постојат. Ни оние кои веруваат, не.
Контактот со празнината предизвикува празнење,

а тоа е слично на електричното празнење
од кое се мурти сивата плоча ишарена
со сини молњи како да е свод. Гледаат
во тоа сурогатно небо старците кои со палците
втиснуваат крстови в чело. Имаат право мудрите
старци: кога повеќе нема илузија секое причинување
е стварно. Добро е ова место иако е црно
како комора во која може да се развие секој филм.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|