Поезија – Глоријана Вебер

/, Литература, Блесок бр. 147/Поезија – Глоријана Вебер

Поезија – Глоријана Вебер

Вселена
Бегство
Историја
Во близина на Бога
Раѓање
Избори


ВО БЛИЗИНА НА БОГА

Во мртовечницата во Жале го носат Бог
точно во четири
се обеси и свештеникот
и насекаде има земја
никој не ги слуша нивните исповеди
и нивните тела ги покриваат со бубачки
никој не ги закопа
како да се донесе Бог во мртовечницата
Стивен Хокинг
точно тогаш кога ќе запишеш
Бог не постои

Стивен е во четири, пресметав
дека од едната страна од книгата има три илјади букви
во книга со илјада страници има три милиони букви
дека до денес сме објавиле сто и педесет милиони книги
што е приближно петстотини билиони букви
и дека Вселената има сто и педесет билиони ѕвезди повеќе
како што ги имаме сите букви во книгите

Стивен, како некој може да го фати Бог во калкулатор
и доверливо да ја заборави баладата на Шопен во Ф-мол
и без страв процентот на животот го претвора во процент на смрт
господине Хокинг, кога бев мала
на гробишта го носев кафеавиот куфер со ракавици и пешкир
асоцијација од зборови со идеална тежина

Не знам, не знам господине како е да се умре до крај
но кога на мојот капут во мртовечницата ќе слета бубачка ми се чини
дека Бог не е толку глупав за да се докажува

АвторГлорјана Вебер
2022-11-06T12:09:36+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|